Бензинска станица

Бензините од ноќеска поскапи за денар и пол, дизелот за два и пол денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи од ноќеска малопродажните цени на нафтените деривати да се зголемат во просек за 1,9 отсто на бензинските станици во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно претходната одлука.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден и пол денари за литар. Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе може да се набави за 81,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 83,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари за литар и со тоа дизелот од ноќеска ќе може да се набави за 82,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2 денари, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 80,50 денари за литар. Цената на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,064 денари за килограм и со тоа мазутот ќе се продава за 51,599 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ со болни сведоштва и пораки за правда …