бензини Бензините

Бензините поевтинуваат од полноќ

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 0,5 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе остане иста

Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ се намалуваат во просек за 0,57 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар. Односно, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 76,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50 денари за литар, а ЕЛ-1 ќе се продава за 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно 69,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,390 денари за килограм.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

Домашните компании чекаат какви ќе бидат условите за да ги користат парите од Унгарија. Од …