Горива

Бензините поевтинуваат за два денара, а дизелот за денар и половина

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 2 денара по литар, а малопродажната цена на еуродизелот се намалува за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Исто така, за еден денар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство.

Од вечерва полсе полноќ, литар еуросупер БС 95 ќе чини 84,50 денари, литар еуросупер БС 98 – 86,50 денари, а дизел горивото еуродизел БС ќе чини 86,5 денари.  Екстра лесното масло за горење ќе чини 82,5 денари, а мазутот – 41,8 денари за литар.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,131 отсто, кај дизелот за 2 отсто, кај екстра лесното за 1,5 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,014 отсто“, наведено е во соопштението од РКЕ.

Прочитајте повеќе

Скопје

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Митинзи во недела ќе има пред седиштето на Европската унија во Скопје и на плоштад …