Бензините поевтинуваат за два денара по литар, дизелот останува со истата цена

Бензините поевтинуваат за два денара по литар, дизелот останува со истата цена

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ бензините ќе имаат нови, пониски цени за два денара за литар, додека цените на дизел горивото, екстра-лесното масло за домаќинство и на мазутот не се менуваат.

Потегот се толкува со пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, и тоа кај бензините за 3,832%, кај дизелот за 1,817%, кај екстра-лесното масло намалување за 1,668%, а кај мазутот зголемувањето на цената е за 0,140%.

Од првата минута по полноќ, цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 81 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 83,5 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 84,5 денари/литар
Масло за домаќинство екстра-лесно 1 (ЕЛ-1): 81,5 денари/литар
Мазут М-1 НС: 42,171 денари/килограм

Прочитајте повеќе

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Владата јавно ги објави платите на претседателот на Владата, како и на министрите. Според објавените податоци, највисока …