Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто во однос на Одлуката од 17.05.2021 година.

Со тоа, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар.

Од полноќ, максималните цени на горивата ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС – 95: 67 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС -98: 69 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 59,5 денари за литар
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 59 денари за литар
  • Мазут М-1 НС: 33,619 денари за килограм.

Извор:МЕТА