Бензините поевтинуваат за половина денар, за толку поскапува дизелот

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за половина денар по литар, па малопродажната цена на еуросупер БС-95 од полноќ ќе изнесува 71 денари, додека БС-98 ќе се продава за 72,5 денари за литар, реши Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука, за половина денар ќе поскапи дизелот (Д-Е V) и од полноќ ќе се продава за 63 денари.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета, односно 51,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,598 денари и сега изнесува 33,053 денари.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …