Цени на нафтените деривати Бензините

Бензините поскапуваат за 1 денар, дизелот за половина денар

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за цените на нафтените деривати, од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат за 1 денар по литар повеќе, а дизелот за половина денар повеќе по литар.

Цената на екстра-лесното масло за домаќинства не се менува, а мазутот поевтинува за 0,046 денари за килограм.

Од полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 82 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 84 денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 74 денари за литар, додека екстра-лесното масло ќе чини 73 денари.

РКЕВУ објави и графикон со кој ја претставува структурата на цените на нафтените деривати, односно колкав процент од малопродажната цена зема држава, колку РКЕВУ и колкаво е учеството на берзанските цени на горивата.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …