бензинска станица бензини горива

Бензините поскапуваат за 2 денара, дизелот поевтинува за половина денар

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ бензините ќе се продаваат за 2 денара по литар поскапо од досега, а дизелот поевтинува за половина денар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, а мазутот ќе поскапи за 0,26 денари по килограм.

Со тоа, од полноќ, цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 = 90,5 денари за литар;

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 = 92,5 денари за литар;

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) = 89,5 денари за литар;

Масло за горење Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) = 87,5 денари за литар;

Мазут М-1 НС = 53,848 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …