Бензинска станица

Бензините поскапуваат за еден ипол, а дизелот за два денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 проценти, информираат од таму.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за 1,50 денари за литар, и со тоа, цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 73,50 денари за литар, додека на „еуросупер БС-98“ 75,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот се зголемува за 2 денари за литар и ќе изнесува 65 денари за литар.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Државата ќе бара пари од домашни банки за довршување на автопатот Кичево – Охрид

Државата ќе бара пари од домашни банки за довршување на автопатот Кичево – Охрид

Владата бара нов начин за финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, откако досегашното …