бензинска станица бензини горива

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за два денара

Бензините од полноќ ќе поскапат за половина денар, додека дизелот и екстра-лесното масло ќе поскапи за два денари. Според последната одлука за цените на горивата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), станува збор за покачување во просек за 2,24 отсто во однос на Одлуката од 3.1.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,724 ден/кг.

Со тоа, од полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе чини 75,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 77,5 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 67,5 денари за литар. Екстра лесното масло за горење, познато како „црвена нафта“, ќе чини 67денари за литар.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …