Бензинска станица

Бензинот „еуросупер БС-95“ поевтинува за половина денар, цената на другите горива останува иста

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,51 проценти, информираше Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Цената на бензинот „еуросупер БС-95“, се намалува за половина денар литар и со тоа ќе изнесува 68 денари за литар. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“, на дизелот и на екстра лесно масло не се менуваат.

„Еуросупер БС-98“ и оваа недела ќе се продава за 70 денари за литар, дизелот 60 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство изнесува 59,50 денари за литар.

Прочитајте повеќе

АНАЛИЗА: Долговите на сите општини достигнаа скоро сто милиони евра

АНАЛИЗА: Долговите на сите општини достигнаа скоро сто милиони евра

Дел од општините на квартално ниво пријавиле значаен пораст на доспеаните, а неплатени обврски. Порталб ги рангира …