Горива бензини дизел

Бензинот и дизелот од полноќ поскапуваат за два денара

Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница. РКЕ соопшти дека зголемувањето е последица на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Покачените цени ќе изнесуваат 84,5 денари за литар Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 ќе биде 86,5 денари, дизелот ќе биде 74,5 денари за литар а Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 73,5 денари за литар.

Цената на Мазутот исто така е покачена и ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Прочитајте повеќе

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Според анализите се очекува отворањето на супермаркетите „Конад“ да придонесе во отворање на нови работни …