Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат за три денари по литар помалку од досега, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за два денара.
Малопродажната цена на „еуросупер БС“-95 ќе изнесува 66,5 денари за литар, а на „еуросупер БС“-98 , 68,5 денари за литар.
„Еуродизелот“(Д-Е V) ќе се се продава по цена од 60 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се се намалува за 2,982 денари за килограм и ќе изнесува 32,36 денари.