Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб ќе биде за бизнисите односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување и третиот столб е фискалната и финансиската стабилност воопшто во економија вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија. Оваа ќе биде рамката на четвртиот пакет и ќе бидат потаргетирани во контекст на тоа што сме го забележале како било реализирањето на претходните пакети, актуелните пакети и тоа што очекуваме да се реализира. Ќе има мерки кои биле познати до сега, кои покажале резултат, истите или ќе се редизајнираат, ќе има мерки кои ја завршиле својата улога и нема да се повторат или пак ќе има нови мерки, значи три категории – вели Бесими. Тој посочува дека за да се обезбедат средства за четвртиот пакет мерки ќе се направи репрограмирање или реалокација на средствата од постоечкиот буџет, каде ќе се видат каде ќе можат да се кратат средства што се однесува на позициите кои согласно динамиката нема да се реализираат целосно до крајот на годината евентуално ако има потреба останатиот дел од финансирањето што нема да може да се реализира од буџетот, ќе биде со јавен долг.-Ќе видиме за реалокација на средствата и евентуално дополнително финансирање, дали ќе биде од резервната база од буџетот или ќе има дополнителен заем, тоа ќе се финализира последниот ден кога ќе знаеме колку можеме да кратиме од актуелниот буџет. Но, сепак, пакетот мора да има сигурно финансирање, макар и со јавен долг – вели Бесими.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …