Бесплатен интернет на две нови локации во центарот на Охрид

Бесплатен интернет на две нови локации во центарот на Охрид

Општина Охрид пушти во употреба Hot Spot бесплатен интернет на две нови локации пред црквата „Свети Софија“ и на кејот „Македонија“ во центарот на Охрид. Во моментов во градот има пет локации на кои граѓаните можат да користат бесплатен интернет овозможен од општината. Минатата година Hot Spot бесплатен интернет беше поставен на плоштадот „Св. Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ и на локалитетот „Плаошник“.

– На овој начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот – велат од Општина Охрид.

Поставувањето на опремата за Hot Spot бесплатен интернет е проект што е составен дел од овогодинешната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на Општина Охрид.

 

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …