Бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата – реалност или неостварлива желба

Бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата – реалност или неостварлива желба

Што претставува „менструалната сиромаштија“, колку од нашите сограѓанки кои менструираат имаат пристап до средства за менструална хигиена, дали бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата може да бидат реалност или само неостварлива желба. Ова се прашањата на кои ќе се дискутира во петок на 12 ноември со почеток во 13 часот, во Europe House во Скопје.

На овој настан, Здружението на граѓани за промоција на женската активност „Тииииит! Инк.“ и „Реактор – истражување во акција“,  ќе ги претстават наодите од неодамна спроведената сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија – Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките.

Студијата преку три нивоа на истражувања ги отвора прашањата за менструална правда преку анализа на искуствата, практиките и социјалните перцепции на жените, девојките и другите лица кои менструираат, како и преку пресметки за трошоците за менструалното здравје и добри практики од регионот и пошироко.

Целта на овој проект е да се продлабочи дискусијата за менструалната хигиена и репродуктивното здравје, да се развие инклузивен јавен дискурс на тема менструална правда во Република Северна Македонија, и да се понудат мерки и препораки за подобрување на состојбата.

Истражувањето е направено во рамки на проектот „Крај за менструална сиромаштија – Застапување за намалување на менструалната сиромаштија во Република Северна Македонија“, кој го спроведуваат Здружението на граѓани за промоција на женската активност „Тииииит! Инк.“ во партнерство со „Реактор – истражување во акција“, со поддршка од Цивика мобилитас во рамки на програмата за акциски грантови и од ФРИДА – фондот за млади феминистки.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …