Бесплатно лекување и за лица до 18 години од семејства корисници на социјална помош

На вчерашната 68. седница на Владата, донесена е програмата за измени и дополнувања на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација), која што покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18 годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош за 2018 година.

Исто така, на седницата на предлог на Министерството за транспорт и врски, владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа. По добивањето на анализите од страна на задолжените институции, Министерството за транспорт и врски ќе достави акциски план за подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

Владата донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на реформи во пензискиот систем, која што ќе биде должна да информира за текот на спроведување на активностите за имплементација на истите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …