Безживотните тела на најмалку 17 луѓе се пронајдени во ноќен клуб во градот Источен Лондон во Јужна Африка. Полицијата соопшти дека се истражуваат околностите под кои починале луѓето во клубот, додавајќи дека е рано да се утврди причината за смртта.
На сликите објавени на социјалните мрежи, кои засега не може независно да се потврди во целост нивната автентичност, се гледаат тела без видливи траги од повреди кои се наоѓаат на подот од клубот, а полицијата потврди дека се работи за лица на возраст од 18 до 20 години.
Полицискиот бригадир Тембинкоси Кинана изјави дека е премногу рано да се каже што би можело да ги убило младите и додаде дека полицијата отвори истрага.
Локалните медиуми јавуваат за толпа насобрана пред клубот во потрага по одговори и дека полицијата се обидува да ги смири. Клубот се наоаѓа на три километри од центарот на градот.
Источен Лондон е град на плажа на брегот на Индискиот Океан, на околу 1.000 километри од Јоханесбург.
Извор: Радио Слободна Европа