„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ – Стипендии за деца со попреченост од основните училишта

„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ – Стипендии за деца со попреченост од основните училишта

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, а проектот е финансиран од Европската Унија. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

Како дел од овој проект ќе се доделат стипендии на деца со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение. Оваа година, овие стипендии ќе се доделат на вкупно 300 ученици.

Можност за пријавување ќе имаат, децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми:

  • Да поседуваат медицинска документација за вид и степен на попреченост,
  • Да се деца со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение.
  • Да се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19 (далечински или со физичко присуство).
  • Да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија.
  • На родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право.

Огласот за аплицирање ќе биде објавен на 10ти септември и ќе биде достапен на веб страната на Фондацијата Чекор по чекор www.stepbystep.org.mk (во делот новости).

Сите дополнителни информации можат да се добијат на 072 307 326 или на: stipendii@stepbystep.org.mk

Дополнителна информација:

Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година)[1]: При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, како приход не се смета стипендијата.

 

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …