Бил Гејтс на одмор во Црна Гора, Порто Монтенегро магнет за светскиот џет-сет

Бил Гејтс на одмор во Црна Гора, Порто Монтенегро магнет за светскиот џет-сет

Црногорското летувалиште Порто Монтенегро, од година во година станува атрактивна туристичка локација за познатите лица од светскиот џет-сет. Во изминатите неколку денови, заедно со сопругата Мелинда и трите деца, во ова монденско летувалиште престојуваше американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Вториот најбогат човек во светот, чие богатство во моментов се проценува на околу 95 милијарди долари, во Порто Монтенегро пристигна со 90 метарската јахта „Lady S“, а беше сместен во хотелот „Regent“. Она што исто така беше впечатливо и го привлече вниманието на туристите, е дека суперлуксузната јахта на Бил Гејтс беше придружувана од помал брод, на чија палуба се наоѓаше хеликоптер.

Американскиот милијардер на црногорското приморје пристигна со голем број телохранители, кои не дозволуваа негово фотографирање, уште помалку пак било каков контакт со него.

За време на неколкудневниот престој во Црна Гора, Гејтс ги посетил и Свети Стефан и Котор, а учествувал и на рафтинг на реката Тара.

Прочитајте повеќе

Филипче на Сител

Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене (ВИДЕО)

Многупати досега д-р Венко Филипче зборувал за поддршката што им ја давал на своите помлади …