Биланс од последното деноноќие: 21 излекувано лице, 18 новозаболени и 3 починати од КОВИД-19

Биланс од последното деноноќие: 21 излекувано лице, 18 новозаболени и 3 починати од КОВИД-19

Како што информираше на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче, денеска од КОВИД-19 е излекувано 21 лице, со што вкупната бројка на оздравени се искачи на 200. Од денешните оздравени, 16 лица се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип. Сите тие се лекувале во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на КОВИД-19:

  • Скопје – 2
  • Куманово – 9
  • Штип – 2
  • Тетово – 2
  • Велес – 1
  • Гостивар – 1
  • Пехчево – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.225 лица.

Во изминатото деноноќие починати се тројца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, која подолг временски период била на механичка вентилација. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина и 71 годишен пациент од Прилеп, кој во таа здравствена установа бил лекуван од 15 април. Во ГОБ „8 септември“ во Скопје почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана на 6 април во тешка состојба.

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …