Тупанчески

Билатерални средби на Тупанчески во Шибеник во рамките на Регионалната конференција

Министерот за правда, Никола Тупанчески оствари повеќе билатерални средби во рамките на Регионалната конференција ,,Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки” која се одржува во Шибеник, Република Хрватска.Тупанчески се сретна со со Валтер Кемп, Директор на Канцеларијата на Глобална иницијатива во Виена, задолжен за Западен Балкан и амбасадорот Угљеша Звекиќ, задолжен за развивање на проекти од обаста на антикорупцијата. Беше заклучено да се развие натамошниот дијалог меѓу владите на земјите од ЈИЕ и граѓанското општество, потенцирајќи ја притоа важноста од градење на културен дијалог кој е нераскинлив дел од културата на идентитет. Тупанчески се сретна и со министерот за правда на БиХ,Јосип Грубеша.Двајцата министри ја нагласија досегашната соработка како значајна основа за проширување и подобрување на рамката на истата меѓу двете земји преку активности на размена на искуства и најдобри пракси во повеќе области од надлежност на министерствата, а особено во делот на подготовката на националните стратешки документи и обезбедувањето имплементација на активностите предвидени со реформските процеси со правосудствата на РСМ и БиХ.

Регионалната конференција беше искористена и за одржување билатерална средба меѓу министерот за правда Никола Тупачески и шефот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова.На средбата беше дискутирано за можностите за обезбедување на институционална поддршка на земјите кои се дел од РАИ, но и аспектите со кои е опфатена соработката, ангажманот и придонесот на РСМ во РАИ имајќи го предвид значењето од одржување и зајакнување на регионалниот пристап во реализација на мерките и активностите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и афирмирање на интегритетот во правосудствата на земјите од Западен Балкан кои се членки на РАИ.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …