Бислимовски за ДВ: Нема причини за поскапување на струјата

Бислимовски за ДВ: Нема причини за поскапување на струјата

лобалната енергетска криза и вртоглавиот раст на цената на струјата на светските берзи ја притиска и македонската економија, но дали и до толкава мера да се алармира со панични сценарија? Бизнисот се жали дека е веќе на удар од поскапи сметки и проблеми во набавката на потребните киловати и бара да се интервенира за да се спречат можни ценовни шокови. Проблемите се евидентни, но какви и колкави се последиците, засега конкретни бројки нема. Притисокот е врз сите што се на слободниот пазар и купуваат струјапреку директни договори со лиценцираните трговци. Но не и кај домаќинствата каде цената односно пазарот и натаму е регулиран од страна на државата. Надлежните уверуваат дека состојбите во овој сегмент се стабилни и не гледаат причини за посебна загриженост:

„Нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни оти ‘А.Д. Електрани’ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија. И тоа по 36 евра за мегават час во услови кога цената на светските берзи е 140 или 150 евра. Обезбедени сме до Нова година, но и потоа, ќе имаме тендер и А.Д. ЕСМ повторно ќе има понуда и не мислам дека може да се очекуваат промени. Така што засега не гледам причини за корекции на цената на струјата која, да ве потсетам, се утврдува секогаш во јуни“, изјави за Дојче веле Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …