БИТ ФЕСТ 2018: Промоција на книга и музички фестивал

Во рамките на годишното издание на фестивалот БИТ ФЕСТ, во малата сама на НУ Завод и Музеј  Битола се одржа промоција на книгата на д-р Роберто Трајковски, со наслов Вермахтот и Македонија (1943 – 1944 година)“.

Пред публиката на промоцијата се обрати д-р Александар Литовски, историчар,  осврнувајќи се на делови од содржината на книгата и нејзиното значење. За книгата и мотивите за нејзиното создавање зборуваше и авторот д-р Роберто Трајковски.

На последната фестивалска вечер од 19-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Тра-ла-ла“ кој се одржа во рамките на БИТ ФЕСТ, во преполната сала на Центарот за култура беа доделени наградите за најдобрите изведувачи. Според стручното жири, првата награда отиде во рацете на Сара Дел Олио од Италија, на која покрај пехарот и’ беше доделена парична награда од 1.000 евра. 

На програмата на БИТ ФЕСТ вечерва е осмото издание на манифестацијата „Незаборав“, која годинава е посветена на песните од групата „Битолски конзули“. На сцената, покрај дел од членовите на оваа позната битолска група, ќе настапат и групата Калабалак, Кирил Стојчевскина хармоника и солистите Зоран Маневски и Бојан Стојков.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …