БИТ ФЕСТ: „Незаборав“ за Битолските конзули

БИТ ФЕСТ: „Незаборав“ за Битолските конзули

Убава музика, радост, песна, носталгија за поранешни времиња, за битолскиот боемштилак… вака накусо може да се опише синоќешниот концерт посветен на групата „Битолски конзули“, кој се одржа во рамките на проектот „Незаборав“ на битолчанецот Панде Димитровски.

Во полната сала на Центарот за култура во Битола, присутните уживаа во спомените посветени на групата „Битолски конзули“, со дел од некогашните членови на групата, како и со нивните гости на концертот, групата „Калабалак“, Кирил Стојчевски на хармоника и солистите Зоран Маневски и Бојан Стојков. Музицирањето во живо беше посебниот елемент на овој концерт, на кој сите заеднички пееја и се натпеваа, другарувајќи со минатото и со сегашноста, поврзана за песните на „Битолските конзули“.

Манифестацијата „Незаборав“, која и годинава се одржа во рамките на Бит фест, по 8-ми пат донесува сеќавања поврзани за големи музички имиња од Битола. Во изминатите години, музичкиот проект „Незаборав“ им беше посветен на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков.
Вечерашната програма на БИТ ФЕСТ ќе го донесе концертот на ладино и сефардска музика на Сара Ароести од Израел. Концертот ќе започне во 20.30 часот, во Националната установа Завод и музеј во Битола.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …