Битиќи-Бектеши: Решен е проблемот со парното

Битиќи-Бектеши: Решен е проблемот со парното

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Владата информираа дека е решен проблемот со снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и дека домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење.

Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона, додавајќи дека деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавање на овој проблем.

„Иако обезбедувањето топлинска енергија е јавна комунална услуга, која треба и е обврска на Град Скопје, сепак одговорно е потребата на граѓаните да е на прво место и затоа Владата тоа го направи“, рече Битиќи.

Бектеши посочи дека Владата на денешната седница донела Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија. Владата, според Бектеши, ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционира сметките на граѓаните за топлинска енергија. АД ЕСМ, според него, денеска потпишала договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до крајот на месецот.

„ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната со што ќе се овозможи континуирано квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период. ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки, во периодов има активни договори за продажба на електрична енергија и ќе работи дополнително за време на викенд, а произведената електрична енегија ќе ја купува АД ЕСМ“, рече Бектеши.

До крај на грејната сезона, како што додаде, се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ке има доволно топлинска енергија за БЕГ. Донесена е и одлука за склучување на договор за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и АД ЕСМ. Ист договор, додаде Бектеши. ќе се склучи и со АД Скопје Север.

„Во изминатите неколку дена имавме исцрпни преговори и разговори со сите надлежни институции и успеавме да најдеме решение кое што согласно сите законски можности ја исполнува главната цел, а тоа квалитетна услуга за домаќинствата. Ова решение кое што го постигнавме денеска обезбедува непрекината испорака на топлинска енергија за сите домаќинства во Градот Скопје и општините“, рече Бектеши.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски порача дека најавите за екстремно поскапување на парното греење само ги плашеле скопјани. Тој уште еднаш информира дека цената на парното ќе се покачи за 14 проценти.

За тоа колку пари ќе чини надминувањето на кризата со топлинската енергија ќе се знае следната недела.

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, со цел прецизно и транспарентно информирање на јавноста, на денешната …