Фатмир Битиќи

Битиќи: Ќе имаме нова Влада предводена од Заев, ќе бидат сменети 6-7 министри

Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека наскоро ќе добиеме нова влада која како и досегашната ќе биде предводена од актуелниот премиер Зоран Заев, но ќе има промени на министерските функции.

„Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме ’Заев три влада’, повторно предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси“, изјави Битиќи.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …