Битиќи

Битиќи: Додека владата купува мебел и автомобили, илјадници семејства со платите не можат да го поминат месецот

Просечната плата во земјата бележи загрижувачки пад. Во јуни, просечна плата изнесуваше 41.939 денари, веќе досега просечната плата е намалена за цели 1000 денари што е далеку од доволно за да ги покрие основните потреби на граѓаните.

СДСМ поднесе амандман со кој бара зголемување на платите. Односно, 3,5 милијарди денари или 57 милиони евра за зголемување на платите на граѓаните, што не е само барање на финансии, туку барање на одговорност и социјална правда, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на комисијата за финансирање на буџет.

– Најпрвин, без розовите очила на власта да погледнеме реално во економските бројки кои ја нагласуваат потреба од зголемување на платите на граѓаните. Просечната плата бележи загрижувачки пад, а во меѓувреме, потрошувачката кошничка достигна 61.306 денари во септември. Ова е јасен показател дека платите се далеку од доволни за да обезбедат достоинствен живот“, рече Битиќи.

Тој потенцираше дека со растечкиот јаз меѓу платите и трошоците, не може да се очекува да издржат наставници, здравствени работници, администрација и сите други кои вршат дејност од јавен интерес и кои треба да го движат општеството напред.

– Зад овие бројки стојат вистински луѓе, семејства, деца. Погледнете ги своите домови. Замислете го вашето дете како ви бара нешто основно – книга, облека, можност за екскурзија, а не можете да му го обезбедите тоа. Токму тоа е реалноста со која се соочуваат илјадници семејства на вработените во јавниот сектор.“, рече Битиќи.

Само минатиот месец трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1.000 денари и тоа е економска и социјална неправда.

– Да се осврнеме на изборот на Владата, каде и се приоритетите за трошење. За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра. За мебел – 1,5 милиони евра, за договорни услуги зголемени за 80 милиони евра. Сумите се апсурдни. Како можете да оправдате купување луксузни автомобили, мебел и зголемување на договорни услуги додека илјадници семејства се прашуваат како ќе го преживеат месецот? Овие непродуктивни трошења се срамни и покажуваат дека приоритетите на Владата не се во интерес на граѓаните. Само ставката стоки и услуги е 1,2 милијарди евра. Проверете кога таа ставка била 20% од буџетот“, рече Битиќи.

Неприфаќањето амандманот за зголемување на платите ќе значи прекршување на Општиот колективен договор и продолжување на праксата на системско непочитување на законите. Оваа Влада, со својот Предлог-буџет за 2025 година, веќе го прекрши Законот за буџети со проектираниот дефицит над 3%. Сега сакаат да ги прекршат и колективните договори, на штета на граѓаните. Отфрлањето на овој амандман ќе значи порака дека оваа Влада не ги почитува ниту трудот, ниту правата на работниците.

Прочитајте повеќе

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека …