Битола: Асфалтирање и реконструкција на улици во градот и населените места

Битола: Асфалтирање и реконструкција на улици во градот и населените места

Завршува реконструкцијата на улицата „Леринска“ во Битола. По претходните интервенции на екипите на КЈП „Нискоградба“, кои работеа на санација на мешовитата канализација на оваа улица, се пристапи кон партерното уредување и поставувањето на тротоарите. Во текот на вчерашниот ден, се изведуваше асфалтирањето на улицата „Леринска“, во должина 150 метри, од страна на изведувачот „БВ Инженеринг“. За санација на оваа улица, Општина Битола издвои околу 2.500.000 денари.

Истовремено, на улиците во населените места Црнобуки и Габалавци се поставува гребен асфалт, откако претходно екипи на КЈП „Нискоградба“ вршеа порамнување на земјените површини како подготовка за негово поставување. Жителите на овие села преку месните заедници побараа решение за проблемот со калливите улици, по што се пристапи кон поставување на отстранетиот гребен асфалт од реконструкцијата на патниот правец Битола-Демир Хисар.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …