БИТОЛА: БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ НА НАЈФРЕКВЕНТНИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

БИТОЛА: БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ НА НАЈФРЕКВЕНТНИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

На две локации во општина Битола, каде што има најголемо движење на граѓани и туристи, поставени се хот спотови за бесплатен безжичен интернет (Wi – Fi). Поставувањето на хот спотот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“, овозможува користење на бесплатен интернет во Градскиот парк, Ќумурното игралиште, се до паркингот кај Завод и Музеј, додека хот спотот поставен кај Градскиот часовник, овозможува бесплатен интернет до Плоштадот Магнолија, се’ до административната зградата на ЈП Стрежево.

Инсталираната опрема за бесплатен интернет е резултат на договорот за донација, склучен помеѓу Друштвото за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје и Општина Битола, со вкупна вредност од 369.000 денари.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …