Битола домаќин на караванот „Празник на мимозите“

Битола годинава ќе биде домаќин на караванот на 51 „Празник на мимозите“, кој го организира Општина Хергег Нови, од Црна Гора.
Дефилето на градска музика и мажоретки од Херцег Нови ќе се одржи на 26 јануари, со почеток во 12 часот, а почетна позиција ќе биде плоштадот „Магнолија“, каде ќе бидат поставени и штандови, на кои ќе биде промовирана мимозата, симбол на овој град. Дефилето ќе продолжи по Широк Сокак, а граѓаните ќе имаат ретка можност да видат дел од атмосферата која по повод „Празникот на мимозите“, се организира секоја година во Херцег Нови.

Херцег Нови е збратимен град со Битола и ова дефиле е резултат на одличната соработка на локалните самоуправи, особено на градоначалниците на двете општини.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …