За време на претстојниот викенд, сабота и недела, 6 и 7 јуни, Битола ќе биде домаќин на Балканско првенство во џудо за деца до 14 години.
Во дводневното натпреварување, најдобрите млади џудисти од повеќе балкански земји ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и борбеност.
На програмата од првиот натпреварувачки ден, со почеток во 9 часот предвидени се прелиминарните борби, додека попладнето ќе биде свеченото отворање на Балканското првенство и финалниот блок.
Во претпладневните часови од вториот натпреварувачки ден, недела 7 јуни, ќе се одржат прелиминарните борби после кои ќе следува новиот финален блок, како и затворањето на првенството.
Борбите од Балканското првенство во џудо за деца до 14 години ќе се одржат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место
