БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

На три локации, во Битола свечено беше одбележан 11 Октомври, еден од најзначајните датуми во македонската историја, денот кога пред 78 години тогашните наши претци ја започнаа народната борба за ослободување на Република Северна Македонија.

Свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните подмладоци.

„Денес е еден од најзначајните празници од нашата историја, денот кој што е поврзан со нашата слобода, со нашата независност, просперитетот и нашата иднина. Токму во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите наши борци кои што ги положија своите животи, токму за нашата слобода. Нека ни е вечен и честит празникот 11 Октомври“, рече градоначалничката Петровска.

„Овој ден е значаен за нас, затоа што ова беше почеток на добивање на слободата, создадовме држава и посреќен живот за идните поколенија, создадовме и целосно подобри услови за живеење, затоа што тоа беше и социјална револуција. Нека ни е срежен и долговечен овој празник“, истакна претседателот на Сојузот на борци од Битола Александар Трајковски.

Делегацијата, предводена од градоначалничката Петровска, а во која учествуваа советниците од општинскиот совет, Сојузот на борци и претставници од СДСМ, положија свежо цвеќе и пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, лоциран пред Офицерскиот дом во Битола, како и на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на сите народни херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …