БИТОЛА: ИНФРАСТРУКТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ ВО ПОЛН ИНТЕНЗИТЕТ

БИТОЛА: ИНФРАСТРУКТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ ВО ПОЛН ИНТЕНЗИТЕТ

По реконструкцијата тротоарите и нивното поплочување, новиот изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“, започна со асфалтирање на улицата.

И покрај сите препреки со кои се соочи Општина Битола во изминатите 8 месеци, по преземените законски дејствија со кои во најтранспарентна  постапка се избра новиот изведувач, се одвиваат завршните фази во реконструкцијата на оваа улица.

Во изминатите десетина дена, екипи од фирмата „Еуроинвест“ работеа на геодетско снимање и исколчување во функција на израмнување, а паралелно и на поставување на тротоарот. По асфалтирањето, ќе следува и партерно уредување на оваа улица.

На барање на жителите, во две улици од населбата „Мал Париз“, се вршат последните подготовки пред поплочување со бехатон плочки. Претходно, на двете улици во близина на Сточниот пазар, од страна на екипи на КЈП „Нискоградба“ се поставуваше мешовита канализација. Во едната улица е завршено тампонирањето, додека другата е во фаза на подготовка за поставување на бехатон плочки.

На овој начин, дел по дел, Општината ги санира улиците, кои претставуваат горлив проблем за населението во оваа битолска населба.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …