Битола: КОНСТИТУИРАН НОВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ

Битола: КОНСТИТУИРАН НОВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ

Во Општина Битола се одржа првата конститутивна седница на Локалниот економско социјален совет на општина Битола. По запознавањето со значењето и улогата на ЛЕСС Битола, сите 22 присутни претставници едногласно го прифатија предлогот за претседавач да биде избрана градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска. За заменик претседавач е избран Ратко Христов, директор на Сокотаб, а за секретар претставничката од општинската администрација во ЛЕСС, Виолета Налевска.

Претставниците на ЛЕСС битола го усвоија деловникот за работа, по што се разгледуваа планирањата на идни активности во рамките на проектот на Меѓународната организација за труд.

Градоначалничката Петровска побара анализа на досегашното функционирање на сите 15 ЛЕСС колку што ги има во нашата држава, со цел да се направи споредба и да се искористат позитивните искуства од работата на овие економско-социјални совети.

На оваа седница, Мери Нашоку од МКЦ Битола ги прзентираше целите и активностите на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, кој што има за цел да ги поддржи локалните актери во процесот на зајакнување и развој на ЛЕСС на Општина Битола. Во рамките на проектот, во текот на 2019 година ќе се реализира Форум на зедницата со цел да се генерираат идеи и приоритети за работа на ЛЕСС, со сите зинтересирани страни на локално ниво.

Прочитајте повеќе

PR UltiMATH - Натпревар по математика

Награда од 10.000 евра во кеш: Започнува најголемиот математички натпревар за средношколци UltiMATH

За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, …