Во текот на вчерашниот ден, Штабот за заштита и спасување на општина Битола, одржа состанок на кој превентивно се координираа активностите за актуелните врнежи од дожд.

Покрај градоначалничката Наташа Петровска, на состанокот присуствуваа претставници на битолските јавни претпријатија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП Стрежево, РЕК Битола, Битолско Поле и ТППЕ-Битола.

На работната средба беше направена анализа на актуелната состојба на терен и беше донесена одлука за зајакнување на активностите на терен на КЈП „Нискоградба“.

Согласно временската прогноза, се очекува обилните дождови да предизвикаат постепено зголемување на водостоите на реките и езерата, но не и да предизвикаат поголеми проблеми. Во случај на порои, можно е на помали сливни површини да има локални излевања.

Препораките на Управата за хидометеоролошки работи, се внимателно движење покрај водотеците и суводолиците во западните, југозападните и северозападните делови од земјата.