БИТОЛА: МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ НА ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, на денешниот состанок со членовите на штабот за заштита и спасување, ги договори превентивните мерки кои ќе продолжат да се спроведуваат во следниот период, од страна на надлежните институции со цел реализација на повеќе координирани активности, во пресрет на најавата на пикот на пандемијата од КОВИД – 19.

Во оваа насока, продолжуваат активностите за масовна дезинфекција согласно подготвениот оперативен план, координиранири од страна на јавното претпријатие „Комуналец“. Во сабота, согласно планот, дезинфекција ќе се врши и во влезовите на станбените објекти. На влезовите во градот, во завршна фаза е поставувањето и ставање во употреба на дезинфекциони рампи.

Согласно уредбата на Владата на Република Северна Македонија, со која, за претстојните Велигденски празници, почнувајќи од денес од 16.00 часот, до 21 април во 05.00 часот, се затвораат за посетители сите паркови, излетнички места и места за рекреација во националните паркови и шуми, се интензивираат контролите и на овие места. Покрај вклученоста на СВР Битола, на овие места ќе се врши допоплнителна контрола и од страна на редарски служби на ЈП Комуналец. Во детските паркови, ќе биде поставено дополнително предупредување за забраната за движење во овој дел на градот, а особено за забрана на користење на детските реквизити.

Во случај на потреба за поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со пречки во развојот и неподвижни лица, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви 047 236 019 и 070 791 770 во Црвениот крст Битола, од каде континуирано се обезбедува поддршка на споменатите лица.

Списокот на маркети и ресторани кои што работат со on-line нарачка и достава на основни намирници е дополнет со четири маркети во руралните средини, со цел целосно да се покријат евентуалните потреби на граѓаните во градот Битола, а исто така да им се овозможи и снабдување со намирници согласно приоритетните потреби и на жителите во руралните средини.

На земјоделците им е овозможено извршување на својата земјоделска дејност, согласно донесените заклучоци и уредби од страна на Владата на Република Северна Макаедонија.

Согласно одлуката на централниот кризен штаб за време на претстојниот продолжен викенд, активисти за бездомните животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе можат два часа дневно во услови на ограничено движење, да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни.

Општинскиот кризен штаб, апелира до маркетите и експозитурите на банките, посебно во петок 17.04 и вторник 21.04.2020, кога се очекува поголема раздвиженост на населението, да се зголемат контролата и мерките на претпазливост за почитување на социјалната дистанца помеѓу луѓето. Општинскиот кризен штаб, апелира и до граѓаните кои користат авто такси превоз, во возилата да влегуваат со соодветна заштитна опрема, маска и ракавици.

Со Општинскиот кризен штаб – Битола, граѓаните можат да контактираат на телефонскиот број 076370933 или преку е-маил адресата krizenstab@bitola.gov.mk.

Сепак, покрај сите мерки кои се спроведуваат, останува главниот апел до граѓаните: СЕДЕТЕ ДОМА!

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …