БИТОЛА: ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“ ПРЕКУ ЕРАЗМУС ПРОЕКТ ДО ТЕХНОЛОШКО ЗАЈАКНАТО УЧИЛИШТЕ

ОУ „Елпида Караманди“ од Битола е првиот домаќин во рамките на реализацијата на проектот за технолошко зајакнато училиште, кој се реализира преку Еразнус плус програмата. Во наредните денови 40 ученици од земјите партнери во проектот, Шланија, Полска, Турција и Македонија, заедно ќе работат во рамките на наставата како да се користи современата технологија во образованието.

„Задоволство е што училиштето „Елпида Караманди“ влегува во еден ваков проект, затоа што не се случило до сега ова училиште да учествува во програмата Еразмус плус, проект во кој дефинитивно се отвораат широки врати за размена на искуства помеѓу наставниот кадар, но и на децата. Не станува збор само за размена на искуства, туку и за дружење и проширување на видиците што во воспитно –образовниот процес и тоа како е важно“, рече градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.

Во наредните етапи од проектот, ученици од ОУ „Елпида Караманди“ ќе имаат можност да посетат дел од училиштата во Шпанија, Полска и Турција.

„Целта е размена на практики од областа на технологијата, споделување на наставни часови со примена на нови технологии во наставата, унапредување на праксата, односно стекнување на вештини за поквалитетно образование. Децата се дружат и споделуваат искуства од социјални и културни средини. Тоа дава една посебна европска нота на целиот овој проект“, истакна директорката  на училиштето Татјана Дамчевска.

Проектот е во времетраење од две години, во вредност од 122 000 евра. По официјалниот дел на отворањето на проектот, следуваше кратка музичка програма.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …