Битола подготвена за јубилејното 40 издание на „Браќа Манаки“
SONY DSC

Битола подготвена за јубилејното 40 издание на „Браќа Манаки“

Течат последните подготовки за јубилејното 40 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кое ќе се одржи во Битола од 14 до 21 септември. На третата по ред прес конференција, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска ја соопшти поддршката која годинава ја дава градот домаќин за фестивалот.

Петровска рече дека во делот на организацијата, Општина Битола го поддржува Фестивалот со 400.000 денари, како и со дополнителни 2.500.000 денари за сместување на гостите.

„Исто така, сакам да нагласам во оваа прилика и нешто што е значајно за овој Фестивал, дека годинава Општина Битола успеа да обезбеди над 8.500.000 денари од Министерството за култура за ентериерно уредување на киното ‘Манаки’, нешто што започнало во далечната 2013 година. Заедно со проектот ‘Кино култура’ кој што го доби општината во прекуграничната соработка со Грција за кино опремата, ќе имаме затворање на целината на киното, што пак е додадена вредност на настаните кои што се случуваат и во рамките на фестивалот ‘Браќа Манаки’. Општина Битола и во годините кои што следуваат ќе му дава сериозен инпут на истиот, со што ќе придонесе Битола да биде препознатлива во светски рамки“, изјави градоначалничката Петровска.

На прес конференцијата, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи го објави името на годинешниот добитник на наградата на Друштвото на филмските работници – „Големата ѕвезда на македонскиот филм“. Станува збор за композиторот на филмска музика Љупчо Константинов.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Благој Куновски-Доре соопшти дел од имињата на филмовите во главната компетиција, а директорката на Фестивалот и селектор на документарната програма, Евгенија Теодосиевска ги претстави 10 филмови во документарната програма, како и наградата за најдобар документарен филм, која годинава ќе ја додели Општина Битола.

Една од ѕвездите на годинешното јубилејно издание на „Браќа Манаки“, е германско-турскиот режисер Фатих Акин.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …