БИТОЛА: ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ, НОВА ДОГРАМА ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

БИТОЛА: ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ, НОВА ДОГРАМА ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

Училниците во ОУ „Елпида Караманди“ од Битола, за прв пат од 40 годишното постоење на училиштето, добиваат нова дограма, која во голема мерка ќе ја зголеми енергетската ефикасност и заштедата на електрична енергија.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, го посети училиштето, каде што од страна на директорката Татјана Дамчевска и училишното раководство, беше информирана за текот на работните активности.

Веќе во околу 50% од училишните простории е поставена новата дограма, чија реализација беше спроведена од страна на Општина Битола, општинските јавни претпријатија и преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во вредност од околу 2,5 милиони денари.

До крајот на оваа учебна година, во сите училници и работни простории ќе биде комплетно променета преостанатата дограма преку проект од МОН. На овој начин и ОУ „Елпида Караманди“ се вбројува во училиштата со реалирани проекти во насока на зголемување на енергетската ефикасност, а се очекува веќе во следната сезона, да се добијат и првите видливи заштеди на енергија.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …