Битола: Редици за субвенции за инвертер клими

Битола: Редици за субвенции за инвертер клими

Уште од раните утрински часови, некои дури од 3 часот утрово, битолчани стрпливо чекаа да ги поднесат барањата до општинската администрација за субвенции за инвертер клими.

Средствата што ќе ги надоместува Општина Битола се во вредност од 30% од вкупната цена на чинење на уредот, но не повеќе од 18.000,00 денари.

Колоните со граѓани кои со часови чекале да дојдат на ред се должат на техничките проблеми аплицирањето да се спроведе преку платформата мЗаедница.

Револтирани од настанатите редици и чекањето со часови, битолчани велат дека ништо не останало од ветувањата на коалицијата на власт дека со нив, се’ ќе биде подобро и поинаку.

Фото: Апла.Мк

Прочитајте повеќе

Граѓаните не се идентификуваат со партиите, покажува истражувањето на КИИС

Граѓаните не се идентификуваат со партиите, покажува истражувањето на КИИС

Иако С. Македонија предничи во меѓународни рамки по бројот на членови во партиските организации, граѓаните …