Битола: „Розов марш“ низ Широк Сокак за борба против ракот на дојка

Битола: „Розов марш“ низ Широк Сокак за борба против ракот на дојка

Вчера во Битола, на Широк Сокак, се одржа „Розов марш“ за борба против ракот на дојка на кој зедоа учество многу битолчанки, а кој беше во организација на здруженијата ,,Златно перо”, ,,Јасмин” и други невладини организации.

,,Апелираме за превентивни прегледи на дојка кај жените. Октомври е месец на борба против рак на дојка. Од она што го имам како информација без некоја детална истражувачка статистика, многу малку жени одат на превентивни прегледи. Но, се надевам дека маршот и хуманитарниот панаѓур ќе поттикнат да има што повеќе прегледи, подобро да превенираме отколку да лечиме”, рече Јулијана Наумовска од здружението ,,Златно перо”.

Анета Димитриевска, претседател на здружението за поддршка на заболени лица „Јасмин“, рече дека во Битола е голема бројката на болни и според последните статистички податоци има над 2.000 лица болни од различен карцином.

,,Последните неколку години како да расте свеста кај луѓето дека превенцијата е многу важна. Во битолската болница е донесен и нов апарат за ехо на дојка и можат да се вршат прегледи на нова апаратура. Многу од жените стравуваат да одат на прегледи, но стравот не смее да биде пресуден. Поаѓајќи од себе како онколошки пациент, секој човек треба да се соочи со проблемот, а потоа да побара помош од сите релевантни институции”, нагласи Димитриевска.

Извор: Апла

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …