Битола: Се покачуваaт платите во „Водовод“ и „Нискоградба“

Битола: Се покачуваaт платите во „Водовод“ и „Нискоградба“

Платата на вработените во ЈП„Водовод“ се зголемува за 5 проценти, а исто така се зголемува и бодот за исплата на плата на сите вработени во ЈП „Нискоградба“ од 13 септември годинава. Ваквите одлуки денеска добија согласност и од Советот на општина Битола.

ЈП „Водовод“ доби зелено светло и за Годишниот план за вработување за следната 2020 година. Советот даде согласност за в година да испланираат 57 нови вработувања, а 20 лица заминуваат во пензија. Според законските обврски, јавните претпријатија мора да изработат Годишен план за вработувања за идната година и тој да биде прифатен од Советот.

Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не е против вработувањата, само смета дека јавноста треба да знае за нив, дека ќе бидат вработени уште триесетина повеќе од оние места што ќе се испразнат со пензионирање.

Директорот на ЈП „Водовод“, Горан Козаров рече дека кај нив постојано има потреба од стручен кадар зашто и обемот на работа е зголемен, но тоа финансиски не го оптоварува претпријатието и нема да предизвика превработеност. Обемот на работа е зголемен, а и работниците мора прво да се обучат од постарите вработени, па затоа не може некои места да се пополнуваат само по пензионирање.

„Вработувања во 2017 година кога ја презедов функцијата биле во бројка 208, до вчера се 214 вработувања. Имаме 10 пензионирања и 4 лица по друг основ напуштиле, а имаме најава во 2020 година за 20 нови пензионирања. Мора кадарот кој треба да ја преземи работата да го обучиме. Кај теренските работници работата е од висок ризик и мора да го преземат знаењето од постарите работници“, рече Козаров.

Тој додаде дека денес имаат 500 километри мрежа за одржување, па со тој обем на работа имаат потреба од квалификуван кадар.

„Мислам дека не е проблем да се вработуваат луѓе кои соодветно одговараат на потребите на ЈП, а при тоа да не се наруши финансискиот дел и да не се создаде превработеност. Досега не сме вработиле ни едно лице од кое немало потреба, сето тоа се лица работници кои требаат за на терен“, додаде Козаров.

Извор: АПЛА

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …