Битола: Следната недела ќе се донесе правилникот со критериуми за клима инвертори

Битола: Следната недела ќе се донесе правилникот со критериуми за клима инвертори

„Клима инверторите нама да се делат според богатството на семејствата, туку услов ќе биде да живеат во одредено подачје во градот каде е најзагадено“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола.

Правилникот со критериуми за семејствата кои ќе имаат можност да добијат клима инвертори од Битола, ќе биде донесен на следната седница на Совет. Правилникот требаше да биде донесен на денешната седница, но поради подготовка на апликацијата од страна на министерствата, се одложи за следната недела.

Опозицијата обвини дека власта не презема сериозни мерки за да се справи со аерозагадувањето, а клима инверторите ги дели за поткуп на гласачите пред избори.

„Мерката што ја предлага Владата за првпат во Битола, беше најавена некаде осми месец 2019 година. Пет месеци подоцна, на оваа тема која власта ја промовираше како проект, како една од клучните мерки во стратегијата за справување со аерозагадувањето, гледаме дека власта нема направено ни еден исчекор. Јасно им е на сите дека ова не се мерки за справување со аерозагадувањето, туку начинот на кој се спроведуваат е обид за поткуп на гласачите во пресрет на предвемените избори“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот, Груевски, рече дека Општина Битола е подготвена за да го донесе правилникот, но се чека услогласување со другите градови и Владата.

„Денес требаше да донесиме правилник со кој ќе ги утврдиме критериумите по кои ќе се заменуваат нееколошките грејни тела, со еколошки клима инвертори. Во однос на апликацијата, таа треба да ја изработи едно од министерствата или Владата, со која ќе се утврди начинот како ќе се аплицира. Од она што се изготвува како правилник, можам да кажам дека ќе нема поделба на климите во однос на тоа на кој ќе му се доделуваат – дали на посиромашни или побагати, сите ќе имаат еднакво право да земат клима уред. Услов ќе биде живеењето во подрачје во градот каде што е најзагадено. Се работи сериозно на проблемот“, рече Груевски.

Инаку, АД ЕСМ како компанија со висока општествена одговорност, обезбедува 618.000.000 денари, или 10.000.000 евра. Секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1.000 евра во денарска противвредност, што е сосем доволно за набавка на ефикасен инвертор клима уред. Од 10.000 домаќинства кои ќе бидат субвенционирани во Скопје, Битола, Кичево и Тетово, во Битола субвенции ќе добијат 2.500 семејства.

Извор: Апла.мк

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …