Битола: Средба на градоначалничката Петровска со шпанскиот амбасадор Сера
SONY DSC

Битола: Средба на градоначалничката Петровска со шпанскиот амбасадор Сера

Неговата екселенција, амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Емилио Лоренцо Сера, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. На средбата градоначалничката го запозна шпанскиот амбасадор со актуелната економска, политичка и културна состојба во градот под Пелистер. Амбасадорот посочи дека еден од главните сегменти кој го голема мерка ги поврзува Македонија и Шпанија, е ИФФК „Браќа Манаки“, чиј домаќин е токму Битола, каде голем број актери и кинематографери од оваа земја учествувале и биле наградени на овој престижен светски фестивал.

Амбасадорот Емилио Лоренцо Сера, вечерва, заедно со градоначалничката Наташа Петровска, ќе ја отворат Неделата на шпански филмови во Битола, која се организира по трет пат во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија, Центарот за култура во Битола и Кинотека на Македонија.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …