БИТОЛА: ТЕМЕЛНИ ЗАФАТИ ВО И ОКОЛУ ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

БИТОЛА: ТЕМЕЛНИ ЗАФАТИ ВО И ОКОЛУ ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве работат во надворешниот дел на офицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“, Методи Силјановски, извршија увид во работата на терен. Силјановски појасни дека со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.

Вредноста на оваа инвестиција е 1,5 милиони денари, средства од Општина Битола.

Во внатрешноста на објектот се работи на сите катови од Офицерскиот дом, според предвидената динамика. Во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи и ѕидовите.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …