Пет улици во населеното место Долно Оризари, за прв пат добиваат асфалт, со што калливите улици стануваат минато за жителите на оваа населба.

Со средства од Општина Битола, најпрво беа променети водоводните приклучоци кон градската водоводна мрежа, по што следуваше тампонирање на улиците и асфалтирање во должина од еден километар. Покрај овие улици, наскоро се очекува да отпочне изградба на уште две улици, со помош на Пелагонискиот плански регион. Вкупната инвестиција за инфраструктурно уредување на улиците, е 5.500.000 денари.