Битола: Уништен терминалот на ЈП „Паркинзи“ кај „Јавор“

Битола: Уништен терминалот на ЈП „Паркинзи“ кај „Јавор“

Во текот на ноќта, непознати сторители го оштетиле и уништиле терминалот за наплата на паркинг просторот кај поранешен „Јавор“ во Битола. По забележаното оштетување, од страна на ЈПП ЈЛП веднаш е известена полицијата, која изврши увид на лице место и се трага по непознатите сторители.
Со овој извршен вандализам, целосно е оштетена терминалната единица за наплата на паркинг просторот, со што на јавното претпријатие „Паркинзи“ му е предизвиката штета од околу 5.000 евра во денарска противвредност.
Директорот на јавното претпријатие Зоран Дојчиновски, истакна дека на овој начин, оштетувајќи ги јавните добра, се прави севкупна штета на општината и нејзините жители

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …