БИТОЛА: ВО АКЦИИТЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ, МАСОВНА ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ
dav

БИТОЛА: ВО АКЦИИТЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ, МАСОВНА ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ

По повод Светскиот ден на чистењето, Општина Битола активно се вклучува во акциите на чистење, но не само еден ден. Интензивно ќе се работи на масовни чистења и во наредната недела. Носител на акцијата е ЈП „Комуналец“, а во акциите се вклучени и јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“. Пред две недели започна расчистувањето на бараките на поранешната УЈП, локација која во центарот на градот претставуваше депонија и место за девијантни појави. Просторот е целосно исчистен, а во акцијата се вклучи и локалното население.

„Ова е класичен пример како може да изгледа еден простор ако се отвори и исчисти. Долго време беше надвор од функција. Голема благодарност и до претставниците од месната заедница кои се вклучија во активностите на јавните претпријатија. Со нив разговаравме што да се направи во иднина со овој простор. Останува овој есенски период тоа да го дефинираме и следната пролет да изникне нова слика и просторот целосно да се стави во функција на граѓаните“, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

По чистењето, локацијата беше измиена за да не се создава прашина. Директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски најави дека акциите за чистење ќе продолжат и наредната недела.

„Следната недела ќе биде недела на чистењето во Битола. Ќе чистиме на повеќе локации каде се лоцирани депонии и кон крајот на следната недела ќе направиме една масовна акција. Од друга страна апелирам до граѓаните за малку посовесно однесување, да не се создаваат депонии идејќи и да сакаме не можеме постојано да излеземе во пресрет за чистење на тие локации“, посочи Богоевски.

Покрај локацијата кај старите бараки на УЈП, вчера се спроведоа акции за чистење пред паркот на основното училиште „Тодор Ангелески“, на улиците „Наум Наумовски-Борче“ и „Илинденска“, како и во населбата „Ушици“ .

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …