Битола: Зголемена опасност од пожари поради високите температури

Битола: Зголемена опасност од пожари поради високите температури

Соопштение од Општина Битола:

Високите темпeратури кои се најавени и за следните денови, носат зголемена опасност од појава на пожари. Во насока на превентивно делување, Одделението за јавни дејности при Секторот за економски развој, јавни дејности и информатичка технологија во Општина Битола, ги известува и потсетува граѓаните дека е забрането палење на стрништа и оган на отворен простор. Огнот на отворен простор често пати не може да се контролира и лесно може да се прошири на околните шуми. Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор, или пак поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување на пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и законски казни.

Доколку граѓаните забележат било каква опасност од пожар, или пак запалена површина, упатуваме апел да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 – Противпожарна служба или 195 – Центар за управување со кризи.

Прочитајте повеќе

Матуранти матура

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Државната матура 2025 година ќе се полага во амфитеатрите на пет државни универзитети со цел …